За влез во Грција без дополнителни тестови

Вакцинираните и оние кои имаат прележано Ковид-19 и имаат валиден европски сертификат, ќе можат слободно да минуваат низ Грција без дополнителни тестови, но ќе мора да се тестираат и да добијат негативен ПЦР тест доколку сакаат да останат во Грција.

На сите граѓани на Европската Унија, Шенген зоната и на граѓаните на 33 земји кои се запишани во системите за дигитална сертификација на ЕУ, вклучително и Србија и Северна Македонија, ќе им биде дозволен влез во Грција.

Google search engine

Ова се новите правила кои се воведени во Грција и кои ќе важат за сите, пренесуваат агенциите.

Грчкиот министер за здравство Танос Плеври потврди дека влезот во земјата ќе биде слободен, без потреба од дополнителни тестирања, за сите оние кои имаат валиден европски сертификат за ковид.

- АУДИО РЕКЛАМА -