За три недели ги загуби и синот и ќерката: Лери Кинг не успеа да ја издржи семејната трагедија

Познатиот водител Лери Кинг почина утрово, на 87-годишна возраст од последици од коронавирусот.

Пред неколку месеци, Кинг доживеа огромна семејна трагедија кога во период од 3 недели починаа неговите син и ќерка.

Реклама

Синот на Лери, Енди, изненадно почина на 28 јули 2020 година на 65-годишна возраст, од срцев удар. Ожалостениот татко не успеа да закрепне од таа трагедија кога на 19 август ја загуби и 52-годишната ќерка Чаја која ја изгуби битката со ракот на белите дробови.

Водителот со скршено срце се огласи на Фејсбук по повод ваквата несреќа:

„Со тага и скршено срце на татко ја потврдувам неодамнешната загуба на своите деца Енди Кинг и Чаја Кинг. Двајцата беа добри и љубезни души и бескрајно ќе ми недостигаат.

Да ги загубиш децата е толку многу погрешно. Ниту еден родител не би требало да го погреба своето дете.

Јас и моето семејство сме благодарни на вашите добри желби и зборови на утеха и поддршка. Во овој момент нѝ треба малку време и приватност за да закрепнеме. Ви благодарам што го почитувате тоа“, напиша тогаш еден од најпознатите американски водители.

 

It is with sadness and a father's broken heart that I confirm the recent loss of two of my children, Andy King, and…

Posted by Larry King on Saturday, 22 August 2020

За потсетување, Кинг беше хоспитализиран кон почетокот на јануари откако тестот покажал дека е позитивен на коронавирус. Водителот припаѓаше на ризична група на пациенти поради годините и лошото здравје. Имал бројни здравствени проблеми вклучувајќи претрпен срцев удар, рак на простата и бели дробови и дијабетес тип 2.

Реклама