Руската шпионка Ана Чапман ги пофали своите сонародници за “бранот на патриотизам и вера” среде руската инвазија на Украина и им се заблагодари за поддршката на војната и на Путин – а потоа ги повика да ја купат нејзината линија за облека.
40-годишната манекенка, беше избркана од САД во 2010 година под обвинение дека е вмешана во тајни разузнавачки операции. Откако се изјасни за виновна за шпионажа, таа успеа да изгради кариера како влијателен моден дизајнер во Москва.
“Никогаш не сум видела таков бран на патриотизам и верба во нашата земја и меѓу рускиот народ… Ви благодарам за ова”, напиша таа на социјалните мрежи во описот на фотографијата на која позира во зелен фустан без прерамки и со штикли со високи потпетици во рацете.
“На овој бран на патриотизам, би сакала да ви го претставам мојот бренд за облека што го создадов од љубов кон мојата земја. Ние произведуваме во Русија и сите наши ткаенини ја претставуваат руската култура”, додаде убавата шпионка.
Се чини дека за само неколку дена драматично ги променила своите ставови и мислења, бидејќи на почетокот на март објави антивоена порака на својот Фејсбук профил, во која вели: “За жал, денес многумина забораваат на радоста со која се прегрнаа советските и американските војници за време на состанокот на реката Елба. Обединети успеаја да ја запрат страшната војна и да го спречат Хитлер да создаде атомска бомба. Уште колку децении конформација ќе ни требаат? Колку човечки животи? И колку пари од нашиот буџет додека конечно не сфатиме дека меѓусебното убивање е бесмислено”, рече тогаш Чапмен.
Таа исто така додаде дека не може да ги “мрази” Американците дури и по апсењето во САД, а насловот на видеото е: “Со кого се бориме на светот?”
Ана дипломирала економија и го започнала својот прв бизнис во Лондон кога имала 21 година. По завршувањето на шпионската работа, таа започна сопствено ТВ шоу во 2010 година и отиде на аудиција за улогата на водител. Иако беше јавна личност цели 10 години, таа никогаш не даде интервју за тоа што се случи во Њујорк во летото 2010 година. На Запад, таа го доби прекарот “Агент 90-60-90”.
На Чапмен нејзините шефови во ФСБ и наредиле да го заведе поранешниот американски разузнавач и светски познатиот “свиркач” Едвард Сноуден, со цел да го задржат во Москва што е можно подолго за да може руското разузнавање да извлече што е можно повеќе информации за програмите за прислушување.
Иако другите советски шпиони се криеле по враќањето во Москва, тоа не било случај со Чепмен. Таа стана модел за долна облека, портпарол на компанијата и телевизиска личност. Таа, исто така, стана активист на младинската про-Кремљ партија и му даде отворена поддршка на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев на тогашните руски шпиони им ги додели највисоките руски награди.