За оваа Романка велат дека е најубавата жена на светот: Сега покажа како изгледа без шминка и сите коментираат едно нешто

Мадалина Генеа важи за една од најубавите жени во Европа, а еве како изгледа таа без шминка.

Убавата Рoманка Генеа која живее и работи во Италија, привлекува внимание каде и да се појави, а многумина сметаат дека таа е една од најатрактивните жени.

Google search engine

Полна уста, мал нос, истакнати јаболчници, совршени пропорции и облини ја красат Мадалина, а во јавноста сè уште се појавува секогаш средена.

Мадалина е некој којшто е многу активен на социјалните мрежи, а во една прилика таа ги почестила своите фанови со фотографија на која позира без шминка.

Екипата од Инстаграм која ја следи на социјалната мрежа била воодушевена од нејзиниот изглед, па навеле дека шминка дефинитивно не ѝ треба, а многумина тврдат дека таа и ненашминкана е прекрасна. Инаку, секојпат кога Мадалина ќе се појави на црвениот тепих сите присутни ги остава без зборови.

Мадалина кариерата ја започнала на само 15 години кога ја открил италијанскиот дизајнер Гатинони. Благодарение на својата убавина и талент, учествувала на многубројни модни кампањи и ревии, но не изгледала отсекогаш така како што изгледа денес.

Многумина ѝ замериле што правела пластични операции, но сепак таа е една од најпосакуваните жени на светот благодарение на изгледот и тоа што успеала да восхити едни од најпознатите мажи на светот.

Мадалина е и горда мајка на девојче кое го добила од врската со романскиот бизнисмен Стратан.