Канцеларот на Австрија, Карл Нехамер, рече дека членството во НАТО не доаѓа предвид за неговата земја, додавајќи дека земјата била, е и ќе остане неутрална.
Според него, за Австрија не се поставува прашањето за членство во НАТО, бидејќи, вели, има сосема поинаква историја од Шведска и Финска.
Нехамер потсети дека двете земји се прогласиле за неврзани и имаат заедничка граница со Русија.
„Затоа постои разбирање дека тие сакаат да се приклучат на воената алијанса, но за Австрија тоа не доаѓа предвид“, рече Нехамер.
Тој рече дека Австрија е во целосна солидарност со Украина во рамките на Европската Унија, пренесуваат медиумите.