Убавата Колумбијка Дијана Рамирез има многубројни обожаватели ширум светот, а станала популарна откако се прочуло дека е полицајка.
Таа на многу од социјалните мрежи е прогласена за „најубавата полицајка на светот“, а во интервју за странските медиуми истакнала дека е „почестена што ѝ служи на полицијата“.
„Кога повторно би имала можност да бирам кариера, не би се двоумела и повторно би станала полицајка затоа што благодарение на оваа институција сум тоа што сум“, изјавила таа за „JamPres“.
View this post on Instagram
Дијана Рамирез патролира на улиците на најопасниот град, колевката на нарко-картелите, Меделин и не би се откажала од својата работа поради инфлуенсерскиот живот на социјалните мрежи.
„Сè на полицијата ѝ должам, пред сè што ме направи професионална и жена каква што сум денес“, изјавила таа.
Оваа моќна жена номинирана е и за воена инфлуенсерка на годината на „Instafest“ наградите кои имаат за цел да им оддадат признание на професионалците кои креираат дигитални содржини со големата публика.
„Чест ми е да ја претставувам полицијата во оваа номинација“, изјавила Дијана во врска со тоа.
View this post on Instagram
View this post on Instagram