За Новак и ова момче цел свет зборува по Ролан Гарос: Ѓоковиќ откри зошто му го подари рекетот токму нему

Новак Ѓоковиќ победи во финалето на Ролан Гарос, а веднаш по натпреварот покажа дека е вистински шампион и надвор од терен.

По завршувањето на финалето на Ролан Гарос во кое Новак Ѓоковиќ триумфираше над Стефанос Циципас, се случи една од најубавите приказни во историјата на турнирот.

Google search engine

Српскиот ас рекетот со кој го освои 19-от гренд слем му го подари на едно момче, а тоа било толку многу воодушевено што сцената го обиколи светот.

Ѓоковиќ на конференцијата за медиумите беше запрашан кое е тоа момче, а асот одговори:

„Не знам кое е момчето, но го слушав цело време. Ме бодреше кога губев 2:0. Дури ми даваше и совети во текот на натпреварот, како тренер.

Тој беше најдобриот избор, сакав нему да му го дадам рекетот поради тоа што ме поддржуваше во текот на целиот натпревар“, изјавил Новак.

ПретходнаВладимир Путин: “Каде се доказите? Ова станува фарса”
СледнаЕкспертите објаснуваат кои се предностите од комбинирање на вакцините против Ковид-19