На денешната владина седница беше разгледан и усвоен предлогот за изменување и дополнување на Законот за даноците на имот со кој ќе биде обезбедено прогресивно оданочување, а ќе биде во сила од 1 јауари 2022 година.
Исто така со предлог-законот се предвидува позитивно влијание врз буџетот на Единиците на локалната самоуправа бидејќи со пропишаните стапки се зголемуваат и се утврдуваат состојби во кои данокот на имот за другиот недвижен имот опишан во поимникот, кој е во сопственост на државата или на општините, скопските општини и на Градот Скопје, како и во сопственост на физички и правни лица, а кој не се користи, подолго од шест месеци во текот на една година, да се зголеми за трипати во однос на стапката пропишана со законот.