За неа велат дека е најконтроверзната вдовица на Светското првенство: Го завела познатиот менаџер, а некогашниот селектор поради неа ја променил верата

54-годишниот Ерве Ренар е познат менаџер на саудискиот фудбалски тим, а јавноста многу повеќе се интересира за неговиот приватен живот отколку за деловните успеси.

Имено, тој е во врска со Вивиен Дије, вдовица на сенегалскиот селектор Бруно Метсу кој во 2013 година почина од рак.

Google search engine

Ерве и Вивиен се запознале и зближиле по смртта на Метсу, а двајцата имаат 3 деца од претходните бракови. Неодамна медиумите започнаа да пишуваат и дека парот наскоро планира венчавка.

Убавата Вивиен е по потекло од Сенегал, а првиот сопруг го запознала во Италија. Тој толку се заљубил во неа што преминал во ислам за полесно да можат да ја официјализираат својата врска.

По смртта на Бруно, таа не сакала јавно да се огласува. Само во една прилика кратко порачала дека покрај сопругот поминала прекрасна деценија и дека е многу горда на него.

Од друга страна, Ренар е по потекло од Франција, а во една прилика изјавил дека никогаш не се сметал себеси за посебно талентиран играч. Неговата кариера беше нагло прекината по повредата на коленото во 1998 година.

Но, Ерве не ни сонувал дека тоа всушност ќе му донесе многу подобар успех отколку што некогаш имал, а по тренерската работа стана и повеќе од успешен менаџер.

Во јавноста е познат по својот мал ритуал, а станува збор за носење на неговата среќна бела кошула кога се играат многу важни натпревари.

Ренар има 3 деца – Кендид, Кевин и Одри.

 

- АУДИО РЕКЛАМА -