За каков крај зборувате, со Вардар ќе освојам и трета титула во ЛШ

Сопственикот на Вардар, кој неодамна ја извести македонската јавност дека ќе се повлече од клубот, синоќа за gol.mk порача дека после титулата, размислува за една работа – за нова титула во Лигата на шампионите!

Google search engine

Сергеј Самсоненко пред четвртфиналниот дуел против ПИК Сегед, соопшти дека доколку Вардар не добие финансиска поддршка, ќе мора да се повлече од клубот. И додека „Вардарци“ стравуваат за иднината на македонскиот, а сега и европскиот ракометен џин, Самсоненко за gol.mk порача дека сега размислува како да се освои и третата титула.

„Зошто сте зборуваат за некој крај? Она што е важно сега е дека освоивме две европски титули од можни три. Уште сега треба да работиме на трета титула. Јас секогаш верувам во титули. Еве го Филип Лазаров е тука, одамна не е во клубот, но ме познава. Јас секогаш верувам во титули.

Беше тешко да се преживее викендов, но сега треба да славиме, потоа ќе зборуваме за други работи. Има многу информации, преговори, но сега тоа не е важно. Сега треба да славиме“, изјави Самсоненко за gol.mk.

Имаше и интересен коментар за полуфиналето против Барселона.

„Јас бев разочаран и така и седев и го гледав мечот. Го гледав мечот така разочарано, а потоа одеднаш почнав да гледам минус четири, три два, еден, нула, а потоа плус еден и плус два и толку. Луѓето зборуваат дека е различно, но кај мене е исто“.

Во однос на писмото кое го објави пред Пик Сегед дека ќе си замине од клубот исто така со интересен одговор.

„Ние игравме добро против Пик Сегед и имавме резултат. Што и како се случуваше друго останува во клубот“, изјави Самсоненко.