„Xiaomi“ најави паметни очила наречени „Xiaomi Smart Glasses“. Портпаролот на компанијата вели дека сѐ уште нема план за нивно вистинско лансирање, но „Xiaomi“ обезбеди доволно детали за да изгледа концептниот производ донекаде веројатно – барем во одреден момент во иднина.
Очилата на „Xiaomi“ се опишани како очила со релативно конвенционален облик, но за разлика од производите кои пред неколку дена ги претставија „Facebook“ и „Ray Ban“ под името „Ray Ban Stories“, производот на „Xiaomi“ е опремен со „MicroLED“ систем кој овозможува поголема „густина“ на пиксели и подолг век на траење во однос на „OLED“.