Конфликтот во Украина всушност веќе се претвори во светска војна, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, цитиран од про-Кремљ Russia Today .
Според РТ, Вучиќ смета дека Западот се бори против Русија преку своите сојузници во Киев.
Мораме да разбереме дека сме среде светска војна, бидејќи веќе нема смисла овој конфликт да се нарекува регионален. Имено, цел Запад се бори против Русија преку Украинците. Ова е глобален конфликт, изјави Вучиќ за ТВ Пинк, а пренесува Раша тудеј.
Според Вучиќ, оваа војна ќе стане уште полоша, а нејзиниот одглас може да се почувствува и на Балканот. Претседателот на Србија посочува дека “ќе направи се за да го зачува мирот”.
Вучиќ, исто така, смета дека Русија наскоро ќе му пристапи на Западот со “некој предлог”, особено во контекст на напредувањето на руските сили во Донбас (тие речиси целосно го зазедоа Луганск, но се чини дека нема толку брзо да го освојат регионот Доњецк).
Знам што не чека. Штом Путин ја заврши работата во Северск, Бакмут и Соледар и ќе стигне до линијата Славјанск-Краматорск-Авдивка, ќе излезе со предлог. И ако Западот не го прифати, а нема да го прифати, ќе избие пеколот, рече Вучиќ.
Србија, како и пред руската инвазија на Украина, продолжува да се обидува да одржува блиски односи со Москва, па затоа не се приклучи на бранот санкции со кои остатокот од Европа реагираше на војната.
Ukraine conflict is already a world war – Serbia https://t.co/TgTI50ZuXF
— callmefree (@callmefree1) July 15, 2022