Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера изјави дека испратил недвосмислена порака до НАТО дека Србија ќе реагира, „доколку Алијансата не реагира ако има погром против Србите на Косово“.
Вучиќ на ТВ Пинк рече дека Србија само ја подигнала подготвеноста на Армијата, но дека не влегла на територијата на Косово.
Србија не влезе на територијата на Косово, не затоа што не го сметаме Косово за наша територија, туку затоа што немаме право да го правиме тоа со Кумановскиот договор и сите одлуки по Кумановскиот договор, нагласи Вучиќ.
Тој објасни што презентираше пред НАТО за време на вчерашниот разговор со Јенс Столтенберг.
Му кажав на Столтенберг јасно и гласно: Нема да влеземе со нашите војници. Не сакаме да го загрозиме мирот на кој било начин. Најмногу ни треба мир. Ќе ве чекаме 24 часа за да реагирате како НАТО. Само ако погромот на нашето население продолжува потоа „Србија ќе реагира и никогаш нема да дозволи она што се случи во 1995 и 2004 година“, рече Вучиќ.
Тој вели дека бил многу прецизен и дека има „три точки до тоа“.