Вучиќ со сочувство за пожарот во Тетово: Подготвени сме да пружиме секаква братска помош

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, упати сочувство по пожарот што избувна синоќа во ковид-болницата во Тетово.

Вучиќ на Твитер напиша дека е исклучително погоден од веста за пожарот во болницата во Тетово, каде загинаа најмалку 10 лица.

Google search engine

Ја споделуваме огромната болка со народот во Македонија, подготвени да пружиме секаква братска помош. Во мое лично име и во име на граѓаните на Србија, изразувам сочувство до семејствата на жртвите и граѓаните на Македонија, а на повредените брзо опоравување, напиша Вучиќ.