Вучиќ, против мене се води хибридна војна: Со аферата Јовањица треба да ме сменат од власт, во тоа е вмешан странски фактор

Српскиот претседател рече дека целта на аферата Јовањица била фабрикувана за тој да се отстрани од власт и да се уапсат членовите на неговото семејство.

За случајот и за аферата Јовањица тој зборуваше во интервјуто за ТВ Хепи. Тој повторно беше прашан за оваа афера откако се појави веста во германското издание на онлајн магагинот VICE, која укажува дека на таа фарма се одгледувал коноп далеку од стоката што ја бараат љубителите на марихуана.

Google search engine

Вучиќ повтори дека нему му е неверојатно како некој замислува да го обвини него и неговото семејство дека лажат за Јованица. Тој додаде дека за него тоа се уште е мистерија, а дека станува збор за „бестијалност“ за лага од најголеми размери.

Знам што значи хибридна војна, постојано ја проучувам, се занимавам со неа, ја разбирам, не се жалам, се трудам да одговорам рационално, не можеш да одговориш на глупости. Сè уште не ми е јасно како некој го замислил, сè уште не ми е јасно. Можам да разберам се на светот, а кога измислуваат, но ова за Јовањица не можам да го разберам, тоа ми е тајна, како што не можев да сфатам дека Андреј е сопственик на Франш, како сте го замислиле тоа за Јованица, се запрашал Вучиќ.

Овие стручњаци кои ги пуштаат да зборуваш, јас ли сум шеф на МВР или на БИА да го знам тоа? Немам поим искрено за овие луѓе, никогаш не разбрав што сакаа да постигнат со тоа освен што сфатив дека сакаат апсење. Ова се најлошите можни лаги. Ги знам деталите но не можам да зборувам за тоа затоа што не сум судија, не можам да зборувам за детали за да ви кажам, што некој смислил не можам да ви кажам. Но нема сомнеж дека имало и домашен и странски фактор, истакна Вучиќ и продолжи:

Имаше неверојатна хајка, тоа е класичен пример на акција од хибридна војна силно изведена, немаш шанса да се одбраниш. Сега во последната година почнаа целосни лаги, на крајот вистината секогаш излегува на виделина, кратките нозе се во лагата, рече Вучиќ.