Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, учествува на годишниот “Форум ГЛОБСЕК 2022” во Братислава, говорејќи на панелот “Србија и ЕУ: Стратешко партнерство за иднината”.
Вучиќ на присутните им откри и што му рекол Путин при неодамнешниот телефонски разговор.
Многу разговаравме. Рече дека секогаш бил за мир, но дека ќе ги исполни сите цели. Ние сме мала земја. Има многу поголеми кои можат да влијаат на тоа. И зборував за мали нешта, кои се важни за мојата мала земја – додаде Вучиќ.
Вучиќ уште еднаш потсети дека многумина во Европа не сакаат победа, туку целосен пораз на другата страна.
Не верувам во целосна победа и целосен пораз. Мислам дека ни треба мир. И дека во мир е полесно да се победи другиот. Не разбирам продолжување на војната и убивање. Можеме да разговараме филозофски, но илјадници луѓе умираат секој ден. Мислам дека итно ни треба мир, а потоа да разговараме за проблемите за 20 години. Еден ден мир е важен, тоа значи илјада луѓе да останат живи. Мирот е единственото решение. Тоа му го кажав на претседателот Путин кога последен пат разговаравме – рече тој.