Вучиќ откри морничави детали за групата на Веља Невоља: На мајката на еден од убиените и праќале слики на масакрираниот син

Српскиот претседател, Александар Вучиќ истакна дека од Црна Гора биле увезени двата спротивставени криминални кланови, Кавачкиот и Шкаљарскиот клан.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави денеска дека ќе биде „научна фантастика“ групата на уапсените Вељко Беливук и Марко Миљковиќ да бидат на слобода. Во празничното издание на Блиц, Вучиќ посочи дека оваа криминална група, како што вели, е осомничена за убиство на многу луѓе.

Google search engine

Можам да ви откријам дека на мајката на еден од убиените и испраќаа слики од масакрираниот и осакатениот син. Да имате предвид за какви чудовишта станува збор, рече Вучиќ.

Претседателот на Србија посочи дека групата Беливук и Миљковиќ била уапсена за време на владеењето на неговата партија и додаде дека секогаш ќе има луѓе кои се занимаваат со најтешки кривични случаи, особено со наркотици.

Двата клана се увезени од Црна Гора, тие имаат свои водачи. Еден од главните меѓу кавчакиот клан, кој не се крие, е (Радоје) Звицер, шкаљарците имаат свои водачи. И сите тие го имаат својот највисок шеф и сите тие дојдоа од Црна Гора. Не е важно дали се тука локално. Целата организација, пари, логистика, сè е од Црна Гора, рече претседателот на Србија.

Александар Вучиќ изјави дека со групата Беливук и Миљковиќ требало да се пресметаат уште порано заради нивната монструозност, но дека, како што рече претседателот на Србија, тој е задоволен што е тоа направено успешно.

Горд сум на фактот дека Белград денес е еден од најбезбедните градови во Европа, рече претседателот на Србија.

Да потсетиме, Вељко Беливук, Марко Миљковиќ и членови на нивната група беа уапсени на почетокот на февруари под сомнение дека сториле најтешки кривични дела. Нивниот притвор неодамна повторно беше продолжен.