Вучиќ објави дека имаат лек против корона за луѓе со висок притисок и вишок килограми: Ефикасен е 95 проценти

За време на гостувањето на државната телевизијата РТС, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, извади кутија со лекот Бавланивимад, кој се користи во третманот на ризични случаи на инфекција со корона вирус.

Вучиќ истакна дека станува збор за исклучително скап американски лек.

Google search engine

Значи, ако некој како мене, што има висок крвен притисок и што има прекумерна тежина, ја добие оваа ампула тогаш ќе биде излечен 95 проценти, рече тој и додаде:

Овој американскиот лек против корона чини 600 долари, рече Александар Вучиќ.

Тој посочи дека во понеделник веќе ќе дојдат 1.800 вакви ампули во Србија, а лекарите многу бргу ќе ги имаат во протоколот.

Вучиќ рече дека со ова сакал да покаже колку српската држава се бори да ги спаси животите на граѓаните.

Еден ден во болницата чини 1.000 евра, а просечно лице плаќа 550 евра годишно, а вие ако поминете само пет дена во болница ќе потрошите 5.000 евра. Тоа значи државата треба да плати за сето тоа, вели тој.

Затоа јас сум секогаш против рестриктивни мерките, вие цело време мерите, под број еден мора да ги имате предвид животите на луѓето, а сепак сето тоа да го гледате преку економијата, рече тој.

Вакцината сега е моќно оружје, вакцината е живот, рече Вучиќ во интервјуто за РТС и изјави дека во Србија ќе се градат две фабрики за вакцини, едната фабрика ќе биде на Торлак, а другата ќе почне да се гради.

Тој изјави дека денес разговарал со претставниците на Синофарм, а министерот Ненад Поповиќ разговарал за производство на вакцина Спутник V.

Тој очекува дека за помалку од една година ќе може да се произведе и течноста за вакцината, а не само пакувана.

Може да има одложувања, но ќе успееме, рече Вучиќ и посочи дека ќе се произведуваат меѓу 30 и 40 милиони дози годишно. Доколку е потребно да се дадат три дози вакцини, на Србија ќе и требаат околу 15 милиони годишно, а 25 милиони би можеле да бидат обезбедени за регионот.