Вучиќ: Нашето одбивање да бидеме дел од глутницата некому предизвикува главоболка

По откажувањето на посетата на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на Белград се огласи Претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Тој не е изненаден што нема да се реализира посетата и дека не видел таква хистерија и организиран напад на мала земја како Србија долго време.

-Реков пред неколку дена дека очекувам компликации. Од ден на ден ја следевме ситуацијата во обид да се смени рутата на се’ повеќето земји кои забранија прелетување на авионот на рускиот министер. Секако, треба да го изразите своето незадоволство од обидот да се забранат разговорите, изјави Вучиќ за РТС.

Реклама

Тој посочи дека не станува збор за добивање и губење политички поени. Според него, имало безброј разговори во кои од Србија било побарано да го откаже гостопримството на рускиот министер за надворешни работи.

Вучиќ праша како на некои луѓе од ЕУ им било дозволено да го посетат рускиот претседател Владимир Путин.

-Кого ставивме во сенка, кому направивме нешто лошо или само нашето одбивање да бидеме дел од глутницата е нешто што предизвикува нечија главоболка, истакна претседателот на Србија.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров не доаѓа во Белград откако Бугарија, Северна Македонија и Црна Гора му забранија прелет со неговиот авион.

Реклама