Вучиќ до Брисел: Како да имаме ковид пасоши кога не бевте способни да ни дадете ниту една вакцина

Српскиот претседател, Александар Вучиќ изјави дека фабриката за вакцини ќе ја чини Србија како изградба на една ковид болница, а дека тоа ќе значи за нив како да имаат купено најмалку 10 најмодерни ловци.

– Србија е мала земја, но можеме да престигнеме многу побогати земји во здравството – нагласи Вучиќ.

Google search engine

Според него, Србија ќе биде подготвена да ја поздрави евентуалната одлука на ЕУ за воведување на ковид пасоши.

На Србија не и треба милостина

Вучиќ го оцени покачувањето на кредитниот рејтинг на Србија како важна вест и истакна дека тоа значи дека се на вистинскиот пат. Повеќе не ни требаат пари и не ни треба милостина. Изградивме систем што самиот ќе заработи пари – рече Вучиќ.

Реално реагирав кога станува збор за одлуката за ковид пасошите, рече тој.

Според неговите зборови Синофарм и Спутник V се исклучителни вакцини. Не гледам поента во тоа одбивање. Ние ќе издадеме сертификати за антитела и ќе имате дозвола за патување, а оние кои не сакаат да ја примат вакцината ќе патуваат со PCR тест. Имате вакцини кои немаат контраиндикации. Тие се толку безбедни и сигурни што можете да му дадете на тригодишно дете, рече Вучиќ.

Тој додаде дека ќе биде вакциниран во Мерошина во четврток или петок со кинеската вакцина.

И, како мислевте дека имаме ковид пасоши, а не ни доставивте ниту една вакцина? Кои сме ние? Што сме ние? Тие не смеат да признаат дека ние се снајдовме подобро. Претпоставувам дека треба да бидеме полоши од нив за да бидеме добри, рече Вучиќ и потсети дека голем број унгарски граѓани биле вакцинирани со кинески вакцини, а меѓу другите и премиерот Виктор Орбан.

Претседателот додаде дека нема потреба од контрамерки за граѓаните на ЕУ и истакна дека веќе се гледа значителен ефект од вакцинацијата во Србија.

Само нека се затвараат. Ваквата одлука на ЕУ ќе отвори нови економски видици за Србија. Повеќе од милион кинески туристи ќе дојдат кај нас – рече Вучиќ.