Вучиќ барал помош да се ослободи од руското влијание!? Британскиот министер за одбрана кажа нешто што требаше да биде тајна!?

Воената вежба Платинести волк, која се одржа од 3 до 18 јуни и на која учествуваа повеќе од 500 припадници на српската армија и вооружените сили од девет партнерски земји, вклучително и Франција, САД и Велика Британија, помина релативно тивко и што се вели под радарот на српската јавност. Сепак, британски Телеграф објави дека министерот за одбрана на Велика Британија, Бен Валас, изјавил дека за време на неговата посета на Србија, двете земји потпишале значаен договор со кој се спречува влијанието на Русија. Српското Министерство за одбрана за Радио Слободна Европа ги демантираше ваквите тврдења.

Како што пренесува Радио Слободна Европа, Валас во интервју за британски Телеграф откри дека за време на неговата посета на Србија, двете земји потпишале значаен договор со кој се спречува влијанието на Русија.

Google search engine

Министерот за одбрана на Велика Британија, Бен Валас, рече дека Србија заслужува целосно внимание и поддршка од Лондон и дека заслужува место на почесната маса, како и дека Велика Британија ќе и помогне на Србија да се ослободи од „малигното руско влијание и манипулација “.

Валас тоа го изјави за британски „Телеграф“, тврдејќи дека во Белград е потпишан договор за спротивставување на „малигното руско влијание“, без да се прецизира таква одредба во договорот.

Министерството за одбрана на Србија соопшти денеска дека при посетата на британскиот министер за одбрана Бен Валас на Србија, не бил потпишан ниту еден документ во кој се споменува Русија, ниту пак министерот Валас тоа го изјавил некаде.

„Единствениот документ потпишан од вицепремиерот и министер за одбрана д-р Небојша Стефановиќ и министерот Бен Валас за време на посетата е Договорот меѓу Министерството за одбрана на Република Србија и Министерството за одбрана на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска за подобрување на соработката во одбраната “, се вели во соопштението, јавува Танјуг.

Наведениот аранжман не ја споменува Руската Федерација, посочуваат од Министерството за одбрана.

Оваа недела, британскиот министер за одбрана беше во Белград и се состана со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и министерот за одбрана, Небојша Стефановиќ.

Стефановиќ потоа оцени дека двете страни потпишале аранжман за подобрување на соработката во областа на одбраната и „изразија подготвеност и посветеност за продолжување на интензивната билатерална соработка меѓу двете министерства и двете армии“.

Во интервју за британскиот „Телеграф“ за време на неговата посета на Белград, Валас изјави дека е во интерес на британскиот безбедносен план да се вклучи во пост-југословенскиот развој на ситуацијата, додавајќи дека Велика Британија ќе и помогне на Србија да се ослободи од руското „малигно влијание и манипулација“.