Вртоглава сума на пари која Роман Абрамович ја платил за достава на едно суши

Додека Роман Абрамович сега можеби ги моли своите богати пријатели за пари, имало денови кога истите ги трошел на „ситни“ задоволства.

Некој кажал „не можете да ги препознаете добрите времиња доколку нема лошо време“, па очигледно дека тоа е вистина.

Google search engine

На Роман Абрамович сигурно му недостасуваат добрите стари времиња кога плаќал многу пари за играчи, живеел кралски живот на својата мегајахта вредна половина милијарди долари или пак нарачувал храна.

Можеби ќе се запрашате што е толку спектакуларно во нарачувањето храна, но кога станува збор за Абрамович, дури и храната му се доставува со стил.

Во текот на 2000-те години, Абрамович нарачал суши од сега веќе затворен ресторан „Ubon“ на 2.500 милји оддалеченост од Баку, главниот град на Азербејџан.

Тој нарачал суши во вредност од 1.600 долари, а специјалната чинија потоа била пренесена со лимузина која ја управувал шофер на аеродромот Лутон во приватен авион којшто го чекал.

Оттаму сушито прелетало 2.500 милји од Лондон до другиот крај на Европа, пред на крај да заврши на масата на Абрамович.

Целата „операција“ чинела вкупно 55.000 долари, а Абрамович доставата ја чекал долго поради тоа што летот од Лондон до Баку траел 5 часа и 30 минути и тоа не земајќи го предвид времето кое било потребно за подготвување на храната и превозот до аеродромот.

Можеби ова е ретка појава – за тоа што сакате да го јадете да платите астрономска сума на пари, но луѓето коишто имаат пари сепак го прават тоа.

- АУДИО РЕКЛАМА -