Вработените во ПроKредит Банка – најголеми шизици оваа есен!

Тимската припадност, взаемната поддршка и заедничките вредности и цели се основни работи кои еден тим го прават компактен и професионален. Бидејќи токму овие вредности се карактеристични за младиот и динамичен тим на вработени во ПроKредит Банка, а по повод својот 17-ти роденден, Банката им заблагодари на своите вработени на еден интересен и невообичаен начин.

Имено, во соработка со македонскиот моден бренд “Шизик на ризик”, ПроKредит Банка на своите повеќе од 200 вработени им подари лимитирано издание на маица Шизик на ризик ексклузивно дизајнирана и произведена за таа намена.

Реклама

Инспирација за дизајнот креативниот тим на Шизик на ризик најде во ретро велосипедските дресови, раскажувајќи приказна за еден смел велосипедист кој вози под боите и името на тимот наречен ПроKредит, храбро надминувајќи ги сите препреки и предизвици.

Преку овој одличен пример за автентична соработка помеѓу македонски моден бренд и банка, институцијата на вработените им покажа респект и благодарност за индивидуалните залагања и придонес кон тимскиот успех.

Маицата “Racer” е изработена од чист чешлан памук, има контрастни рабови на ракавите и околувратникот, а во хармонична целина ги спојува името и боите на Банката, како и потписот на возачот – Шизик На Ризик. Целата количина на произведени маици, во пакување кое содржи и подарок од Преплет, е поделена на вработените во ПроKредит Банка.

Реклама