Вработен во обложувалница си присвоил 95.000 денари од прометот

Дваест и тригодишен скопјанец доби кривична пријава поради затајување.

„Како вработен во фирма за приредување игри на среќа, на работна позиција „оператор” , во текот на октомври 2020 година, во повеќе наврати затаил парични средства кои му биле доверени во врска со неговата работа“, велат од полицијата.

Google search engine

Тој ги задржал за себе тикетите и за истите не извршил уплата на парични средства.

Станува збор за износ од 95.000,00 денари, додаваат од МВР.