Шокантната снимка покажува како еден човек го турка тигар во ќош додека преплашените минувачи фрлаат камења врз него во очајна намера да го одвлечат вниманието.
Според вработените на зоолошката градина во Делхи, маж идентификуван како Максуд (20), ја прескокнал оградата. Меѓутоа, очевидци тврдат дека младиот човек се лизнал и дека во тоа време во близина на оградениот простор немало стражар.
На снимката се гледа како тигарот Вијаи го фаќа момчето за врат со забите и го повлекува.
Телото на жртвата е пронајдено речиси два часа подоцна, кога персоналот успеал да го оттурне животното.
Претставниците на зоолошката градина инсистираа дека дале сè од себе да го спасат човекот и ги негираа обвинувањата за наводите дека стражарот не ја почитувал должноста.