(Вознемирувачко видео) Карпа паднала врз туристи во чамци, голем број загинати, се трага по исчезнатите

Најмалку седум лица загинале, три се исчезнати, а девет се тешко повредени откако карпа се срушила врз моторни чамци во саботата.

Карпа се урнала под водопад во југоисточен Бразил.

Google search engine

Камениот блок ненадејно се одвоил од ѕидот на кањонот и удрил во неколку чамци, предизвикувајќи огромен бран над езерото Фурнас во регионот на Капитол, во државата Минас Жераис, соопштиле локалните власти, пренесува Ројтерс.

 

Видео кое кружи на социјалните мрежи го покажува моментот кога голем блок од камења се урнал во водата, а во таа несреќа потонал најмалку еден брод.

Властите соопштиле дека пожарникарите и нуркачите трагаат по исчезнатите.

Потврдено е дека во таа несреќа се повредени најмалку 32 лица, а меѓу нив 23 лица се пренесени во Санта Каса де Капитолио со полесни повреди и веќе се пуштени од болница, наведува АП.

Езерото Фурнас, познато и како „Минасовото море“, е популарна туристичка дестинација во област оддалечена околу 420 километри северно од Сао Паоло.

ПретходнаБизарни факти за Марк Закерберг кои не сте ги знаеле – некои посебно ќе ве изненадат
СледнаНова драма во Австралија: Властите може повторно да го приведат Ѓоковиќ, го чека депортација