Претседателот на жупанскиот одбор ХДЗ, Миро Тотгергели, тврди дека Жарко Жела на сопствено барање отстапил од ХДЗ.
Хрватската демократска заедница најостро го осудила секој облик на насилство.
Во одговор на документот којшто го потпишал претседателот Миро Тотгергели, пишува дека партијата најостро го осудува секој облик на насилство.
„Очекуваме правична и енергична реакција на надлежните институции, како и утврдување на фактите. Господин Жарко Жела на сопствено барање отстапи од членството на ХДЗ“, пишува во одговорот од средата којшто го потпишал застапникот Тотгергели.
Во текот на денот во неколку наврати хрватските медиуми се обиделе да стапат во контакт со сега веќе поранешниот член на владејачката партија, но безуспешно.
На работното место во општината им кажале дека го нема, а на приватен телефон тој не се јавува. Сакале да го прашаат дали ќе ја напушти и фотелјата на градоначалник во Северин, но тој одговор ќе мора да се почека да се слушне.
Како што навеле хрватските медиуми, во неделата во околу 23 часот на паркингот пред локалот, Жела на Ива Милка Крмариќ (38) неколку пати ѝ удрил шлаканица и потоа двапати ја удрил со тупаница по главата. Таа дошла на повик на келнерката која таа вечер работела во локалот и се жалела на сопственичката дека Жела ја фаќа за раце и ја повредува.

Со доаѓањето во Северин, Ива на пијаните гости ги исфрлила од локалот и се обидела да ја запре тепачката на паркингот.
Кога на Жела му рекла дека викнала полиција и дека ќе го има во весници, тогаш тој почнал да ја тепа, а таа бегала пред него.
Крмариќ се пријавила во полиција која во Северин дошла во 23 часот и 22 минути, но Жела веќе го напуштил паркингот.
Полицијата ги утврдува фактите за овој немил настан.