Вознемирувачко: Украинците уништија неколку руски борбени возила во Киев, но биле запрепастени кога ги виделе униформите на војниците! (фото)

Руската армија запленила две возила на украинските вооружени сили, по што тие се облекле во униформа на украинската армија, а потоа од местото Оболон тргнале кон центарот на Киев.

Оваа вест ја потврдија заменик-министерката за одбрана на Украина Хана Маљар, како и украинскиот генерал-полковник Валериј Залужниј.

Google search engine

“Ги следи конвој руски воени камиони“, изјави Маљар за локалните медиуми.

Набргу по веста пристигнаа фотографии од безживотни тела на руски војници облечени во украински униформи кои лежат покрај воено возило. Тие, наводно, биле застрелани за време на судирите во главниот град на Украина-Киев.

За потсетување, утрово руските сили стигнаа до предградијата на Киев каде имаше тешки борби меѓу трупите на двете земји.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека напаѓачките сили биле насочени кон цивили и дека може да се слушнат експлозии во Киев.

„Ужасни руски ракетни напади врз Киев“, објави украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба на социјалната мрежа Твитер откако се слушнаа првите експлозии.

Последен пат нашиот главен град доживеа нешто слично во 1941 година, кога беше нападнат од нацистичка Германија. Украина го победи тоа зло и ќе го победи ова“, заклучи тој.