Вознемирувачко: Ноќеска е претепан контроверзниот новинар Зоран Божиновски

Новинарот Зоран Божиновски, сопственик на порталот „Буревесник“, бил претепан од две непознати лица, синоќа пред неговата куќа во Битола, објави Плусинфо.

На Божиновски му е скршен носот и има други повреди на главата. Тој бил однесен во Клиничката болница Битола, каде му е укажана лекарска помош, а изутринава е пуштен на домашно лекување.

Google search engine

Божиновски бил нападнат и крвнички претепан од две маскирани лица, а напаѓачите најверојатно биле вооружени со метални боксирачи на рацете.

– Се враќавме од пат во Скопје, каде што бевме со автобус. Напаѓачите очигледно точно знаеле кога ќе стасаме пред куќниот праг. Крвнички се нафрлија врз Зоран. Беа маскирани. Меѓу прстите на рацете имаа некакви метални додатоци. Мене не ме нападнаа. Ужасната, јас силно спискав и свикав и дури потоа тие го оставија Зоран претепан и тешко повреден – раскажува сопругата Панда Солунчевска.

Настанот бил пријавен во полиција.

„На 25.10.2022 во 20.42 часот во СВР Битола, П.С. од Битола пријавила дека на ул.„Кочо Рацин” во Битола нејзиниот сопруг З.Б. бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

 

Извор: Плусинфо