На социјалните мрежи се појави повеќе од вознемирувачко видео на кое се гледа уште еден случај на семејно насилство, овој пат снимен на камера.
На видеото објавено на Инстаграм профилот „stop_violence1“ може да се види вознемирена мајка како седи на кревет со дете во раце, додека во собата има и маж кој во еден момент и приоѓа, па ја удира по носот и, како што се гледа, почнува да ја дави туркајќи ја на креветот.
Никогаш повеќе, никогаш повеќе нема…
Во исто време, детето се уште е во прегратките на мајката и не го пушта, иако таа постојано плаче, вознемирена е и видно се плаши од насилникот.
На снимката се слуша како низ солзи му вели: Никогаш повеќе, никогаш повеќе нема да …
Профилот кој го објави видеото на платформата, во описот на видеото, апелира до сите да го споделат нецензурираното видео, и заедно да го спречиме насилството и го поставува прашањето „дали некој ќе реагира?
View this post on Instagram