Вознемирувачки снимки од уличната војна во Бејрут: Користен и ракетен фрлач!

Најмалку две лица загинале денеска во Бејрут кога бил отворен оган на демонстрантите, кои се упатиле на протест барајќи смена на судијата кој ја истражувал минатогодишната експлозија на градското пристаниште.

Како што оценува “Reuters”, ова е ден од поголемите граѓански судири во Либан во последните неколку години и го нагласува продлабочувањето на политичката криза поради истрагата за катастрофалната експлозија на 4-ти август 2020-та година.

Google search engine

Либанската војска соопштила дека бил отворен оган на демонстранти додека минувале преку сообраќајницата која се наоѓала на подрачјето кое ги дели христијанските и шиитските муслимански населби.

Како што е објавено на Твитер, во немирите во Бејрут бил користен и рачен ракетен фрлач RPG-7.

Пукањето одекнало во главниот град, а итната помош веднаш пристигнала на самото место.

Една болница во Бејрут соопштила дека го примила телото на едно лице кое загинало и дека има осум повредени, наведуваат локалните медиуми.

Премиерот на Либан, Наџиб Микати, повикал на смирување на тензиите, а изворот од редовите на војската рекол дека две лица биле убиени, а седум ранети.

“CNN” порано пренел, повикувајќи се на болнички извор, дека има девет ранети лица.

Не било веднаш јасно зошто почнало пукањето.