ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЦЕНИ НА НЕБОТО ГИ ИСПЛАШИ ГРАЃАНИТЕ – На социјалните мрежи се појавија АПОКАЛИПТИЧНИ СЦЕНИ, луѓето бараат засолништа !? (фото/видео)

Невообичаена појава во Кина, т.н. „црвено небо“, ги преплаши луѓето во оваа земја кои тврдат дека тоа е лош знак.

На видео снимките објавени на социјалните мрежи се гледаат исплашени граѓани во Кина кои снимиле како небото ја менува бојата. Бидејќи црвеното небо беше најинтензивно во близина на пристаништето, многумина мислеа дека избувнал пожар кој излегол од контрола.

Google search engine

Црвеното небо во кинескиот пристанишен град Жоушан стана една од главните теми на кинеските социјални мрежи, а некои го нарекоа тоа како лош знак поради активностите на Кина во врска со пандемијата со вирусот Ковид-19, со оглед на тоа што се случува во милионскиот град Шангај.

„Ќе се случат незгоди“, и „Почнав да складирам залихи“, “, се само дел од коментарите на преплашените граѓани на социјалните мрежи, но локалните медиуми објаснуваат дека тоа не е знак на апокалипса, туку резултат на рефлексија на светлината.

Кога временските услови се добри, повеќе вода во атмосферата создава аеросоли кои ја прекршуваат и расфрлаат светлината на рибарските чамци и создаваат црвено небо кое јавноста може да го види – велат метеоролозите од Жоушан.