На “Чика Љубина” улица во Белград утрово се случила експлозија, а потоа и пожар.
Експлодирала плинска боца, а повредени се шест лица, од кои едно е во тешка состојба и пренесено на реанимација.
“Едно лица е на реанимација во критична состојба. Штетата е голема, но најважни се човековите животи. Локалот и еден стан се уништени. Чекаме да заврши увидот за екипите на градска чистота да ги исчистат улиците. Ова е предупредување за сите кои користат плински боци да ги носат на сервисирање кај експерти”, рекол заменик градоначалникот Горан Весиќ.
Како што пренесува српски “Kurir”, експлодирала плинска боца во локал за брза храна, а повредени се два работнички во локалот и лице кое пришло да помогне.
Од експлозијата пукнале бројни стакла на околните локали.

На терен е четири противпожарни екипи со 17 пожарникари.
Местото е обезбедено, а увидот е во тек.




