ВОЗНЕМИРУВАЧКА СООДРЖИНА: Борците на Азов објавија МОРНИЧАВИ фотографии од фабриката Азовстал и бранителите на Мариупол: “ЦЕЛ ЦИВИЛИЗИРАН СВЕТ НЕКА ГИ ПОГЛЕДНЕ ОВИЕ ЛУЃЕ…“

Додека руските вооружени сили го прославуваа „Денот на победата“ на улиците од разурнатиот град Мариупол во понеделникот, на само неколку стотини метри во бункерите, неколку луѓе беа оставени на милост и немилост на окупаторите.

Борците од големата фабрика за челик Азовстал повеќе од два месеци трпат страшни напади од руските вооружени сили, а сега се во ситуација да мислат дека секој ден им е последен. Имаат се помалку храна, вода и муниција, но како што велат, предавање не доаѓа предвид.

Google search engine

„Нема да се предадеме. Предавањето значи смрт“, изјави првиот човек на баталјонот Азов Свјатослав Паламар.

Азов доцна во вторникот навечер на своите социјални мрежи објави низа шокантни фотографии кои јасно ги докажуваат условите за живот на борците на баталјонот. На нив се прикажани ранетите војници во огромниот комплекс кои преживуваат без соодветна медицинска нега и помош.

„Дали Украина и светската заедница сега не можат да ги заштитат и да се грижат за овие луѓе. Бараме итна евакуација на ранетите војници на територијата контролирана од Украина, каде ќе им биде укажана помош и соодветна грижа. Ги повикуваме ОН и Црвениот крст да ја покажат својата хуманост и да ги потврдат основните принципи на кои се создадени, а нивната задача е да ги спасат ранетите кои повеќе не се борци. Војниците што ги гледате на фотографиите ја бранеа Украина по цена на сопственото здравје. Целиот цивилизиран свет мора да ги види условите во кои се наоѓаат овие луѓе. На фотографиите можете да ги видите осакатените бранители на Мариупол. Живеат во целосно нехигиенски услови, со отворени рани обвиткани во остатоци од завои, без потребните лекови, па дури и храна. Мора да дејствувате“, се наведува во низата пораки објавени од баталјонот Азов.

Владата на Украина соопшти дека во Азовстал се уште се заробени околу стотина цивили, но Самоиленко кажа дека, според неговите информации, сите биле евакуирани.

„Залихите ни се при крај, секој ден може да ни биде последен. Се плашам дека непријателот може да не фати, а тоа значи сигурна смрт за нас“, кажа тој и на крајот додаде: „Животот не ни значи ништо, но борбата за оваа земја ни значи се“.