Ворен Бафет: Пандемијата мораше да се случи, нè чекаат уште такви работи

Легендарниот инвеститор и американски милијардер, Ворен Бафет, изјавил дека економските последици од пандемијата на коронавирусот неправедно ги погодија малите компании, истакнувајќи дека пандемијата морала да се случи.

„Економското влијание беше помешано со стотина илјади или милиони мали претприемачи погодени на ужасен начин, но поголем дел од големите компании добро поминаа“, изјавил извршниот директор на „Berkshire Hathaway“, Ворен Бафет.

Google search engine

Во март 2020 година, по „згаснувањето“ на економијата од речиси 20 милијарди долари, илјадници мали претприемачи беа принудени да ги затворат своите фирми, додека пак големите трговци и гиганти во е-трговијата придобија нови купувачи и потрошувачи.

БДП за првиот квартал од годината се намалил за 31,4 отсто.

Во интервју за „CNBC“, 90-годишниот инвеститор изјавил дека најголемата лекција која ја научил во текот на пандемијата е – колку светот е лошо подготвен за вонредни ситуации кои сигурно повторно ќе се случат.

„Научив дека луѓето не знаат онолку колку што мислат дека знаат, а најважно што учите е дека пандемијата морала да се случи. А, тоа не е најлошото кое некогаш можете да си го замислите. Општеството ужасно лошо се подготвува за работи кои изгледаат дека се толку далеку, а можно е да се случат порано или подоцна.

Ќе има уште пандемии, ние го знаеме тоа. Знаеме дека постојат нуклеарни, хемиски, биолошки закани и сајбер напади. Секој од нив може да има застрашувачки последици“, заклучил Бафет.