Војната во Украина влијае на германската автомобилска индустрија

Хербет Дис, извршен директор на германскиот производител на автомобили Фолксваген, предупреди дека долготрајната војна во Украина може да биде „многу полоша“ за европската економија од пандемијата на коронавирус, објави денеска „Фајненшл тајмс“. Прекинот во глобалните синџири на снабдување „може да доведе до големи зголемувања на цените, недостиг на енергија и инфлација“, рече Дис.

Тој, исто така, верува дека долготрајниот конфликт во Украина може да ја соочи Европа со огромна закана од висока инфлација, наведува лондонскиот весник. Фолксваген не беше веднаш достапен да ги коментира неговите изјави. Производителите на автомобили, вклучително Фолксваген, БМВ и Порше, имаат потешкотии да дојдат до кабли за автомобили, кои досега ги набавуваа во западна Украина, пренесува Индекс.

Google search engine

Овие погони сега се затворени поради руската инвазија, па производителите на автомобили се принудени да го намалат производството. На почетокот на месецот, поради инвазијата на Украина, Фолксваген ја прекина работата во Русија и извозот на возила, а го запре производството во погоните во Калуга и Нижни Новгород, потсетува Ројтерс.

- АУДИО РЕКЛАМА -

WordPress хостинг со врвни перформанси за веб страни кои значат бизнис. 24/7 телефонска подршка.