Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, денеска ќе ја посети источна Украина за да ја процени ситуацијата во тој регион по порастот на тензиите со Русија.
“Да, Зеленски денеска оди во Донбас за директно да ја процени ситуацијата од лице место”, изјавил советникот на претседателот, Михаило Подолјак, пренесува “Reuters”.
Зеленски пред два дена го повикал НАТО да отвори пат за приклучување на Украина кон таа западна воена алијанса. Неговите коментари веднаш наишле на осуда од официјална Москва, која тврди дека украинско пристапување кон НАТО би можело дополнително да ја разгори ситуацијата.

Официјален Киев, исто така, алармирал поради групирање на руски воени сили во близина на границата меѓу Украина и Русија, и поради растот на насилствата на линијата за контакт која ги раздвојува украинските трупи и сепаратистите во украинскиот регион Донбас.
Русија тврди дека движењето на трупите има одбранбена цел, а висок руски службеник порачува дека Москва не планира да интервенира во судирот на истокот на Украина, започнат во 2014-та година.
Украина и Русија постојат разменуваат обвиненија поради порастот на насилствата и судирите, а во кои, според тврдењата на Киев, животот го загубиле 14.000 од 2014-та година.
