Војна на фармацевтските гиганти! Компанијата Фајзер обвинета за ширење лаги против ривалската компанија АстраЗенека !?

Фармацевтскиот гигант Фајзер е обвинет дека платил експерти за да ја дискредитираат вакцината против Ковид-19 вирусот на ривалската компанија АстраЗенека.

Фајзер, наводно, финансирал презентација во која говорниците тврделе дека вакцината на АстраЗенека може да предизвика рак и дека не е безбедна за пациенти со намален имунитет.

Реклама

Изјавата наводно била дадена на едукативен семинар во Канада минатата година, но не се знае колку такви презентации се одржале и дали се работи за изолиран настан.

Компанијата Фајзер ги негираше обвинувањата, велејќи дека презентацијата е лажно припишана на име на компанијата Фајзер и е организирана од сосема трета страна.

Друг интересен факт во истрагата е дека трошоците за производство на една доза од вакцините на Фајзер наводно чинат само 76 пени по инјекција.

Бидејќи Фајзер наплаќа 22 фунти по доза, ова претставува маржа од 3.000 отсто од производната цена.

Фајзер соопшти дека проценките се „крајно неточни“ и дека не ги земале во предвид клиничките истражувања, масовното производство и глобалната дистрибуција.

Професорот Ендрју Полард, директор на во групата Оксфорд која ја разви вакцината АстраЗенека, ги отфрли тврдењата и предупреди на опасностите од ширење дезинформации за вакцината.

Постои огромен ризик од дезинформации, бидејќи сè што ги тера луѓето да се двоумат околу вакцинацијата може да ги чини многу, односно можат да платат со цена на нивните животи, изјави тој.

Тоа може да ги поткопа и да влијае на одлуките што луѓето ги носат за сопственото здравје, но исто така може да создаде несигурност за креаторите на политиките, додава професорот.

Реклама