Денот на победата над фашизмот во Втората светска војна во Русија традиционално се одбележува со голема воена парада во Москва, но и во 28 други руски градови.
Точно во 10 часот по московско време започна парадата во Москва.
Обраќањето на Путин
„Им се поклонуваме на војниците, медицинските лица и сите кои денес страдаат во Донбас. Денеска овде стојат и оние кои директно дојдоа од Донбас. Се трудеа да нè ослабнат однатре, но во тоа не успеаја. Силите на нашиот неуништлив мултинационален народ се во единството и предаденоста на татковината“, порачал Путин.

„Оној кој го уништи нацизмот ни покажа, со своето поклонување, што е хероизам на сето време“, додал Путин.
„Се гордеам со тоа што сме наследници на оние кои го уништија нацизмот. Русија секогаш истапува со ставот дека сите сме еднакви и дека безбедноста е иста за сите“, порачал Путин.
„Нашата должност е да го чуваме споменот на оние поради кои сме победници и да не ја повториме глобалната војна. Во претходните години се обидувавме да одржиме мировни договори, но не сакаа да нè слушаат. Имавме целосно друг план, сега тоа го гледаме.

НАТО активно оди кон нашата територија, тоа е апсолутно неприфатливо. НАТО работи со украинските нацисти, Украина го добива најмодерното оружје. Одлуката за специјалната воена операција беше единствената правилна“, вели Путин.
Путин зборувал и за русофобијата. Изнел тврдење дека на некои американски ветерани им е забрането доаѓање на Денот на победата, иако, како што кажал, сакале да присуствуваат на манифестацијата.






