Водителката на овогодишното издание на Евросонг, Ники де Џегер завршила во болница, а сега се огласила и открила што се случило.
Имено, Ники објавила видео на социјалните мрежи од болничката постела во кое објаснува зошто е во болница.
„Пред три дена бев на најголемиот музички натпревар на планетава, а сега сум во болница. Го примам лекот за хроничната болест со цревата. Јас не избрав гламурозен живот, но тој ме избра мене“, низ насмевка рекла Ники.

Инаку, Ники е трансродово лице, позната Јутјуберка, а најмногу внимание привлече на овогодишното издание на Евровизија, кога нејзината животна приказна го освои вниманието на јавноста.