Џоси Гибсон, водителка на британската утринска програма „This Morning“, снимала прилог со нудисти во едно одморалиште во Ливерпул, а како поинаку ако не – гола.
Иако прилогот го започнала облечена и била на висина на задачата, Џоси во еден момент се солидаризирала со нудистите и таа се соблекла.
Водителката во еден кадар била целосно гола, како и сите соговорници околу неа, а камерманот се трудел да не ги сними интимните делови на нејзините разголени пријатели.
„Тука сум со моите нови пријатели, поздравете ги гледачите и држете ги деловите покриени“, рекла Гибсон низ смеа, алудирајќи на себе.
Во еден дел од прилогот, камерманот ги снимил интимните делови на соговорникот на водителката, поради што водителите во студиото направиле урнебесни гримаси, па по завршувањето кратко прокоментирале:
„Беше близу, навистина близу“, сугерирајќи на интимните делови кои за малку ќе биле фатени на камера.
Ваквиот прилог бил несекојдневен. Иако водителката со него имала намера да претстави натпревар организиран од страна на нудистите, епилогот сепак бил поинаков.