Украинската престолнина Киев рано утринава повторно беше мета на руски ракети. Одеднаш во внатрешното градско јадро одекнаа пет силни детонации.
BREAKING: Multiple explosions rock central Kyiv pic.twitter.com/FmiEUBfPsR
— BNO News (@BNONews) October 10, 2022
Погодена централата Криви Рог
Веста за погодената ракета ја соопшти градоначалникот, градот остана без струја и вода
Оштетени се 11 големи инфраструктурни објекти
Според украинската влада, единаесет важни инфраструктурни објекти во главниот град Киев и осум региони биле оштетени од руските воздушни напади во понеделникот наутро. „Некои области сега се отсечени од надворешниот свет.
„Морате да бидете подготвени за привремени прекини во снабдувањето со светлина, вода и комуникација“, рече премиерот Денис Шмихал преку сервисот за кратки пораки Телеграм.
Бомбардиран германскиот конзулат во Киев
11.24. Визниот оддел на германскиот конзулат бил погоден и за време на силните руски воздушни напади врз Киев, пренесува Билд
Започна четвртиот бран напади
11.07 Започна четвртиот бран напади врз Украина. Цел на руските ракети се сите трафостаници од 750 киловати.
Лавов остана без струја
11.01 – Лавов остана без струја, сите прозори во градот испукани од насилните детонации
Второто обраќање на Зеленски
10:40 Зеленски по втор пат и се обрати на јавноста
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека главната цел на рускиот ракетен напад утринава била енергетската инфраструктура на земјата.
— zoranceran (@zoranceran2) October 10, 2022
Дњепропетровск остана без струја
10.24 Дњепропетровск остана без струја. Нападот на Украина влезе во третиот час
Погоден е полицискиот центар во Киев
10.22 Бизнис центар во Киев погоден.
— zoranceran (@zoranceran2) October 10, 2022