Ризикот од зараза од коронавирус не ги спречил жителите да одат на плажите на Рио де Женеиро за време на викендот, во пресрет на летната сезона.
Кај нас на 21-ви декември календарски започнува зимата, а на јужната хемисфера почнува летото. Жителите на Рио де Женеиро, како и многубројни туристи решиле да ги искористат тие денови за да ја преполнат познатата Копакабана.

На фотографиите се гледаат туристи и локалните жители како уживаат на познатите градски плажи.
Имено, чадорите за сонце биле залепени еден до друг без препорачаната социјална дистанца. Капачите на плажите Копакабана, Ипанема и Леблон уживале без маски на лицето и почитување на останатите мерки.

Во Рио де Женеиро маските на лице мора постојано да се носат на јавните места.
Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, кој одбил да земе било каква вакцина против коронавирусот, рекол дека смета дека светското брзање за вакцината е оправдано, бидејќи, според него, на епидемијата ѝ се наближува крајот.