„Во војната во Украина загубив блиски пријатели“: Најпопуларниот водител од 90-тите, се врати во Скопје

Тони Танчевски беше еден од најпопуларните водители во 90-тите години. Генерациите од тоа време и денес се сеќаваат на момчето во шарените кошули и црната кожна јакна, кој ја водеше топ-листата на „Канал 3“ на Македонската телевизија.

Емисијата преку ноќ го направи миленик на публиката и поради тоа добиваше куп писма од обожавателките од цела Македонија. Во тоа време Тони важеше за ѕвезда, им беше „дечко на девојките од неговата генерација“ и речиси да немаше јавен настан на кој тој не се појавуваше.

Google search engine

По повлекувањето од медиумите, замина да живее во Украина. Поради конфликтот, тој е дојден во Скопје и ова беше можност екипата на „Репортер“ да направи интервју со него.

„Од 2015 година живеев во Маринопул, во близина на театарот, и тогаш работев во ОБСЕ. Лани во август сменив работа и со сопругата се преселивме во Одеса. Некаде во ноември веќе имаше најави за конфликтот и новата фирма во јануари нè испрати сите дома. Кога почнаа бомбардирањата, сето тоа го доживеав трагично, исто како кога загубив родител. Моите бивши колеги од ОБСЕ останаа и се евакуираа дури кога почна војната“, вели Тони и откри дека е тажен што неколку негови блиски пријатели и нивните семејства загинаа последниве месеци во бомбардирањата.

Од една страна, муабетите за Украина, а од друга, за времето кога беше омилен водител кај девојките.

Гледајте го целото интервју во продолжение.

 

- АУДИО РЕКЛАМА -