Во Србија почнаа антитерористичките воени вежби, пристигнаа руските специјалци

Во Србија почнаа антитерористички воени вежби на руската и српската војска. Во нив учествуваат единици за специјални операции на Србија и Русија, пишува „Спутник“.

Во воените вежби учествуваат 200 војници и 11 единици воена опрема на Западниот воен округ.

Google search engine

За време на воените вежби се вежба десант, со помош на падобранските системи „Арбалет“, напредување кон објект на нелегални воени формации, негово блокирање и уништување. Покрај тоа, ќе се изведува гаѓање од малокалибарско оружје.

На свеченото отворање страните ја истакнаа важноста на заедничките активности за борбена обука за развој на соработката меѓу вооружените сили на Србија и Русија во областа на борбата против тероризмот.

ПретходнаИстражување на ИКС: Еколошката бомба која отчукува во Вардар – јадеме тоа што фрламе во реките
СледнаПрвите дози на „спутник В“ од Торлак се очекуваат за 15 до 20 дена – Кој ќе може да ја добие?