Во сообраќајка во Грција во која има и мртви, повредена македонска државјанка: Се судриле во стадо диви свињи

Во тешка сообраќајна несреќа во Грција загинаа двајца, а четворица се повредени, меѓу кои и македонска државјанка.

Според грчките медиуми, во сообраќајката учествувале три автомобили, како и чопор диви свињи, пренесува „МКД“.

Google search engine

Сообраќајката се случила синоќа во околу 23 часот и 30 минути, на 62 километри од новиот национален автопат Солун – Нео Петрициу во Кукуш, јавуваат грчките медиуми.

 

Патролното возило управувано од 42-годишен полицаец во кое како сопатници биле и двајца негови колеги се судриле со чопорот диви свињи кои поминувале и притоа излетале од својата лента. Потоа возилото, управувано од 56-годишен странец (државјанин на Република Македонија), со 50-годишна сопатничка, се судрило во истото стадо, се превртело и паднало во нивата.

Потоа, трето возило со 53-годишен локален возач и 48-годишен сопатник се судрило со службено полициско возило, при што животот го изгубиле и двајцата патници во третиот автомобил.

Повредени се 50-годишната сопатничка од второто возило и тројца полицајци кои се задржани на лекување во Општата болница во Кукуш.

Инаку, одделението за сообраќај во Кукуш врши прелиминарна истрага за причините за несреќата.