Во Риека е закотвена јахтата на милијардерот што Путин го смета за марионетски владетел на окупирана Украина?

Нови лист објави дека во пристаништето Риека е закотвена јахтата Royal Romance во сопственост на милијардерот Виктор Медведчук, близок пријател на Путин и лидер на проруската опозиција во Украина. Капетанот на таа јахта ја демантира таа информација, но за Нови лист не сакаше да открие кој е сопственикот. Јахтата е долга 92 метри.

Russian yacht Rijeka, Croatia 23 05 2017 , Rijeka, Croatia Mega yacht Royal Romance is 93 meters long

Google search engine

Како што се дознава, има дваесетина пловни објекти во три марини во дубровничката област во Дубровник, Слано и Корчула, кои претежно се под знамиња на други земји. Сепак, голем дел од нив се регистрирани во фирми.

Генерално, полицијата во областа Дубровник, каде богатите Руси имаат вреден недвижен имот, нема никакви засилени активности, ниту пак изворите велат дека има потреба од тоа.

– Како што веќе беше објавено, некои од руските олигарси, како Роман Абрамович, во неколку наврати во последните години престојуваа во Хрватска со своите јахти, но и некои други. Овие јахти пловат главно под знамињата на други држави, обично оние држави кои се познати како даночни оази. Тешко е да се одговори дали и колку јахти имаат руските олигарси во Хрватска. Мислам дека Хрватска треба да биде многу внимателна во оваа ситуација и дека секако ќе ги следи другите западноевропски земји, да се позиционираат во однос на имотот на руските олигарси – изјави Јурица Гапшар, главен уредник на порталот Морски.

 

ПретходнаМинистер за надворешни работи на земја членка на ЕУ бара Путин да биде физички ликвидиран: “Русите би го срушиле Кремљ да знаат што се случува”
СледнаДали Абрамовиќ однапред знаел за војната во Украина?