Во пламен огромна елка на Менхетн: Уапсен е бездомник кој се качил на елката

Една од украсените новогодишни елки на Менхетн во Њујорк е во пламен, а за подметнување пожар е уапсен еден маж, пренесуваат американските медиуми.

Божиќната елка која била зафатена од пожар била поставена пред редакцијата на „Фокс њуз“ на Менхетн, а во истата зграда се наоѓаат и „Њујорк пост“ и „Вол стрит журнал“.

Google search engine

Обезбедувањето на „Фокс“ го забележал осомничениот како после полноќ се качува на вештачката елка висока 15 метри, соопштила полицијата.

Интервенирале и пожарникари и за среќа никој не бил повреден.

 

49-годишниот маж кој ја запалил елката се обидел да побегне од местото, но подоцна бил уапсен и обвинет за повеќе кривични дела. Кај осомничениот била пронајдена запалка.

Уапсениот е идентификуван како Крег Таманах, бездомник со последна пријавена адреса во Бруклин.

Елката инаку содржела 10.000 стаклени украси, 100.000 сијалички и биле потребни 21 час за комплетно да се накити.