Околу 5,7 милиони жители на Австрија се целосно имунизирани, а тоа значи дека примиле до три дози вакцини против коронавирусот, или по прележаниот вирус, примиле најмалку една доза вакцина.
Заклучувањето на невакцинираните во Австрија погодува околу 2 милиони жители и лица постари од 12 години, кои не се вакцинирани или во минатите 180 дена не го прележале вирусот. Тие ќе бидат соочени со ограничување на слободата на движење.
Бројот на погодени граѓани не може да биде детално утврден на основа на расположливите бројки, пренесува “Tanjug”.

Но, познато е дека околу 5,7 милиони жители на Австрија се целосно имунизирани, а тоа значи дека примиле до три дози вакцина против ковид-19 или по прележаниот вирус примиле најмалку една доза вакцина.
Исто така, познато е дека бројот на деца помлади од 12 години е околу милион.

Кога станува збор за лицата кои прележале коронавирус, на нив им се додадени околу 210.000.
На основа на податокот дека Австрија има 8,9 милиони жители, тоа значи дека околу 2 милиони луѓе ќе бидат погодени од новата мерка на австриската влада.
Постои уште едно олеснување, а тоа е за лицата кои почнале со имунизацијата, односно примиле една доза вакцина. Тие можат “да ја купат слободата” на 48 часа со негативен ПЦР тест.