Во кои земји работната недела е најдолга, а во кои најкратка?

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), во која членуваат 38 земји, го пресмета просечниот број часови на работа на луѓето.

Најновите достапни податоци од 2020-та година даваат слика за стандардната работна недела во различни земји низ светот – од Италија до Исланд.

Реклама

Според ОЕЦД, земја со најкратка работна недела е Холандија – со само 29,5 работни часа во седумдневен период. Поделено по ден, тоа значи четиридневна работна недела со само 7,37 работни часа дневно.

Следува Данска со 32,5 работни часови неделно, а потоа Норвешка со 33,6. Во Швајцарија во просек се работат 34,6 часа неделно. По неа следат Австрија, Белгија и Италија, чие население работи 35,5 часа неделно.

Соединетите Американски Држави се на средината на рангирањето со 38,7 работни часови неделно – нешто под стандардот за 40 часа.

Земја на ОЕЦД со најдолга работна недела е Колумбија со просечни 47,6 работни часа неделно, по што следат Турција со 45,6 и Мексико со просечни 44,7 работни часови неделно.

Податоците на ОЕЦД се засноваат на вообичаените просечни работни часови неделно поминати од персоналот на нивната главна работа.

Реклама